Skip to main content

Posts

Островот на скриеното богатство

   Јунак / противник :           Џим Хоукинс  - главниот лик во романот, прераскажувачот на приказната. Тој е младо момче кое ја иницира потрагата по богатството и воедно е главен протагонист во романот.           Капетан Флинт - пират со лошо реноме, познат по неговите злосторства    Судир / (проблем )  :                           Локализација  : 17 ..  меана Адмирал Бенбад           Бил Баунс ( на образот длабока и грда усеченица ) не остава впечаток на обичен морнар , и бара да го предупреди ако се појави морнар со една нога. Чуден настан кој ги ослободува од капетанот доаѓање на црниот пес ( му недостигаат два прста ,) навестување за опасноста .                                                     Црниот знак           Доаѓањето на слепиот морнар и црниот знак дека ќе дојдат во 10 часот , значи за 6 часа и смртта на капетанот . Заминувањето на мајката и синот да побараат помош за одбрана на мезната и повторно враќање и земање на пари од капетанот онолку колку што им
Recent posts

Чорбаџи Теодос

Чорбаџи Теодос    е комедија напишана во  1937  година, којашто се смета за врвно  уметничко дело  на македонскиот  драмски   писател   Васил Иљоски . Делото претставува  комедија на интрига  инспирирана од  анегдотата  за присилното кумство. Првобитно драмата е напишана на  српски јазик  под насловот  Нагазил човекот , а потоа самиот тој јазично ја преработува најпрвин на  централните македонски говори , а потоа и на  скопски   дијалект . Исполнета со голем број на битови и социјални елементи.  Писателот  своите тенденции ги насочува кон тоа на читателот односно гледачот да му ја прикаже забранетата љубов на двајцата млади, како и да го исмее надуениот чорбаџиски свет. Воедно јасно е прикажано кој од ликовите е на страната на доброто, а кој на страната на лошото, кој и за што ќе се бори, а против кого. Дејството се случува во  Скопје, во турско време.  Драмата е составена од три чина, а драмското дејствие е развиено во четири етапи. Првиот чин е остварен како експозиција на драмск

,,О Писменех"

Црноризец Храбар е анонимен писател од словенската средновековна литература. Псевдонимот значи – калуѓер храбар. Се криел зад псевдоним заради засилената борба на грчкото свештенство против Словените и нивната желба за елинизација. Според податоците од неговиот текст „О писменех“ („За буквите“), дознаваме дека живеел во X век (уште се живи оние што ги виделе Кирил и Методиј), дека работел и творел во Охридската книжевна школа.         Некои слависти сметаат дека зад псевдонимот Црноризец Храбар се крие Наум Охридски. За жал, други податоци за него нема.         Текстот е напишан во X век, а зачуван е еден препис од XIII век, пронајден на Света Гора. „О писменех“ е краток полемичен текст (трактат) напишан на едноставен и конкретен начин.         Темата е појавата и постоењето на словенската писменост, а идејата — да се докаже оправданоста на постоењето на таа писменост, нејзиното огромно значење, како и одбрана од нападите од тријазичниците (оние што ги сметале за свети само трите јази

Галебот Џонатан Ливинстон

Идејата во оваа книга е дека имаме слобода да мечтааеме и да сонуваме за   цели во животот без разлика на размислувањата на другите. ,, Многу луѓе прават една грешка – ги слушаат коментарите на нивните пријатели,роднини ‘’ Оваа поговорка вели дека,многу луѓе се откажуваат од своите соништа поради тоа што блиски луѓе коментирале и дискутирале дека нивните планови нема да успеат.За постигнување на нашите цели треба многу вложување и напорна работа но и ризикување. Преку содржините дознаваме дека главниот лик во ова дело- галебот Џонатан ги правел сите овие работи секој ден.Бил многу посветен и упорен во работата, и бил свесен дека за успех треба време.Иако тој имал ногу препреки на патот,самото јато против него,татко му против неговите соништа покажува дека Џонатан навистина бил храбар и жртвувал се само за да стигне до целта.Понатаму на патот постигнал некаков успех и не само тоа, успеал да си најде учител (Ганг) и да се обучи уште многу.Џонатан знаел дека треба да се врати на Зе

Лектира бр.13 - ,,Антигона '' Софокле

Антигона е главен лик во книгата ,,Антигона ’’ во која се работи за тешката и трагичната судбина која и се пренесува од нејзиното семејство.Таа е доста храбра во одлуките,ги спроведува сама,се грижи за своите браќа.Чесна,достоинствена,горда,посветена се единствените зборови со што би можеле да ја опишеме.Таа била силна и храбра жена, несакала да го остави својот брат да страда.Па таа го жртвувала својот живот,стоела цврство врз својот став дека таа син можела да има, но нов брат не.Докрај ја искажала сестринската љубов и почит спрема братот.За неа немала смисла да живее со нејзините : желби,копнежи, љубовта кон свршеникот и почитта кон кралот.Ништо немало смисла ако не го зачувала достоинството на братот и семејството.Ниту еднаш не се колебала кога и сестра и Исмена не стоела зад неа.Знаела дека сестра и сакала да живеат мирно,среќно и спокојно.Кралот Креан дури се исплашил од ваквата храброст на Антигона па ја осудил на смрт.Антигона е една од најсилните ликови во литературата,таа е

Одлично е да се биде мрзелив

Секој има различен став за темата дали е добро да се биде мрзелив,сепак ја сум против ова тврдење дека е одлично да се биде мрзелив. Мрзата е лоша навика заради тоа што не прави да бидеме неспособни во однос на   извршување обични задачи.Со тоа што ќе бараме некој друг да ги изврши нашите задачи.Но,крајниот резултат нема секогаш да биде она што сме го побарале од другата личност.Поголемиот дел (ако не и постојано) ќе ни биде досадно заради тоа што мрзеливите луѓе не излегуваат многу од дома па ништо не им се случува.Најчесто мрзеливите луѓе им е тешко да бидат дел од дискусија,заради тоа што најверојатно ќе немаат што да зборуваат додека другите луѓе ќе зборуваат постојано.Факт е дека мрзеливите луѓе не читаат книги,па затоа кога станува збор за дискусија на некоја потешка тема која има доста што да се зборува и анализира,мрзеливите луѓе нема да можат да се пронајдат во таа тема така што само ќе ги слушаат другите ставови.Додека останатите луѓе имаат цели во својот живот и се труда

Лектира бр.10 - ,,Вујко Вања''

1. Експозиција Настаните во лектирното дело Вујко Вања се случуваат во 19 век,во руско село на имот.Главниот лик е 47 годишниот Иван Петрович Војницки(познат како вујко Вања)   кој живеел на имотот на Серебрјаков. Тој скоро целиот свој живот го поминал на имотот работејќи постојано.Тој подоцна ќе се вљуби во Елена Андреевна која е мажена за Серебрајаков. Расположение : досада,разочараност,страдање. 2.Заплет На имотот пристигнал   Серебрајаков со својата нова жена Елена Андреевна.Тогаш на имотот почнало на останатите ликови да им биде интересно заради тоа што им било дасадно постојано да ги прават истите работи.Докторот Астров и Вујко Вања ќе се вљубат во Елена.Така една ноќ Астров и кажал на Елена дека ја сака,на овој настан сведок бил вујко Вања. Расположение : Возбуда,изненадување,надеж. 3.Кулминација Серебрајаков им соопштил на сите дека решава да го продаде имотот.Во тој момент вујко Вања знаел дека Серебрајаков греши и дека тој имот не е негов туку на неговата ќерк