Skip to main content

Posts

Showing posts from May, 2018

Лектира бр.13 - ,,Антигона '' Софокле

Антигона е главен лик во книгата ,,Антигона ’’ во која се работи за тешката и трагичната судбина која и се пренесува од нејзиното семејство.Таа е доста храбра во одлуките,ги спроведува сама,се грижи за своите браќа.Чесна,достоинствена,горда,посветена се единствените зборови со што би можеле да ја опишеме.Таа била силна и храбра жена, несакала да го остави својот брат да страда.Па таа го жртвувала својот живот,стоела цврство врз својот став дека таа син можела да има, но нов брат не.Докрај ја искажала сестринската љубов и почит спрема братот.За неа немала смисла да живее со нејзините : желби,копнежи, љубовта кон свршеникот и почитта кон кралот.Ништо немало смисла ако не го зачувала достоинството на братот и семејството.Ниту еднаш не се колебала кога и сестра и Исмена не стоела зад неа.Знаела дека сестра и сакала да живеат мирно,среќно и спокојно.Кралот Креан дури се исплашил од ваквата храброст на Антигона па ја осудил на смрт.Антигона е една од најсилните ликови во литературата,таа е