Skip to main content

Posts

Showing posts from February, 2017

Што сработив во групата,за лектирата Времеплов?

Јас во групата,за лектирата Времеплов сметам дека успешно ја завршив работата.Со групата ги напишав 12 настани од лектирата.Задачата ни беше да преодредиме заедно настаните од лектирата,а и да се договориме кој за што ќе биде од три можности:ликови,судир и чувства.Јас и другите членови на групата се договоривме дека јас ќе пишувам за чувствата.Јас навреме ја завршив својата задача,така што ги напишав моите одговори на линкот од документот кој го испрати наставничката по македонски јазик.

Дали времето во кое што живеам е најдобро за мене и моите врсници?

За времето во коешто јас и моите врсници живееме некој мислат дека е добро а некој не.Ја мислам дека времето во коешто живееме јас и моите врсници е добро,поради напредокот на технологијата.Многу луге мислат дека технолошкиот развој има лошо влијание врз нас младите,но јас мислам дека користењето технологија во секојдневниот живот не подготвува за нашите идни кариери.Ова време повеќе ми се допаѓа поради тоа што имаме можност да се едуцираме на полесен начин со помош на технологијата и да се стремиме да го оствариме тоа што го посакуваме.Технологијата не само што ни помага и на едукативен план туку и ни помага во секојдневниот живот.Имаме апликации за се што ни треба,од типот на:апликации кој ни помагаат да внимаваме на исхраната,потцетници,безбедност на телефонот,едукативни...Има и уште  многу причини зошто ова време е добро за мене и моите врсници.