Skip to main content

Posts

Showing posts from 2017

Лектира бр. 6 ,,Бескрајна Приказна ''

Во делото ,,Бескрајна приказна" се работи за детето Бастијан кое имало тежок живот,поради тоа што живеел само со татко му.Бастијан обожувал да чита книги.Тој имал проблеми и со децата од училиште кои несакале да го дружат и го избегнувале. Еден ден додека бегал од некој деца од неговото училиште тој сличајно влегол во библиотека каде што сретнал стар човек кој му раскажал за книгата Бескрајната приказна,дека не треба да ја чита.Но,со тие зборови тој ја поттикнал љубопитноста на малиот Бастијан кој решил да ја украде книгата и да ја прочита.Во овој дел на експозицијата чувствуваме возбуда.Тука се јавува заплетот со тоа што тој влегува во книгата како лик и е присутен во сите настани.Бастијан прифатил една многу важна мисија со што ќе треба да го пронајде лекот за детската кралица.Со прифаќање на оваа мисија тој имал многу авантури и возбудливи моменти.Но,на крајот тој успеал да ја спаси детската кралица,и светот Фантазија.

Шаргинска кожа - Анализа на лик

Рафаело е статичен лик,заради тоа што тој не размислувал навреме за своите постапки и неможел да најде начин да излезе од ситуацијата.Тој бил човек кој не го живеел животот правилно со тоа што во делото се раскажува за како тој заглавува поради коцката.Ова ни го укажуваат неколку важни настани како што се: кога ги потрошил последните пари , решил да си го одземе животот фрлајќи се во реката Сена.Рафаело живеел во Франција,Парис во XIX век со тоа што општеството било недоволно развиено.Останатите ликови во делото се: студентот Емил, ужасната Федора,старецот Растињак, Полина,слугата Џонатан и др.Рафаело бил свесен за својата ситуација,знаел дека барал многу желби и се каел за тоа што не размислил уште еднаш дали би живеел среќно во Шагринската кожа.Тој мислел дека само неговите желби се важни и дека ќе биде среќен ако желбите му се исполнети,за жал не научил дека во животот мораме да работиме за да постигнеме нешто и дека желбите се само желби се додека не решиме ние да ги оствариме.Јас

Повик на дивината - Анализа на лик

Бак е динамичен лик, кој главен затоа што тој е спремен за ризици,е многу храбар и се бори за подобар живот.Бак ги слушал своите газди.Тој живеел со различни газди во Калифорнија а подоцна во Алјаска.Општеството во кое што живеел Бак било недоволно развиено.Во тоа време се продавале кучиња за пари и ги препродавале,за разлика од денес каде што кучињата (поточно животните) имаат права и човекот несмее да го загрози нивниот живот и да ги препродава за подли цели.Најголемиот пријател на Бак е Џон Торнтон.Бак се запознал со Џон кога газда му  биле злобни луге кој го малтретирале за да влече санки.Бак бил приврзан за Џон поради тоа што тој бил добар со него.Бак е свесен за тоа дека тој е само куче кое не е важно за неговите тогашни газди.Во книгата се забележува дека Бак е свесен што прави и тој реагира многу мудро.Според мене Бак е многу реалистичен лик,поточно реалистичен за минатото и мислам дека тој е само еден пример за нехумано однесување на човекот спрема животните.

Лектира бр.3 Панонски легенди

Во лектирното дело Панонски легенди се работи за опиширните житија на словенските брака Кирил и Методиј.Во житијата е опишуван животот и нивните мисии со тоа што делото претставува вистинска биографија. Св.Кирил уште од мали години се интересирал за филозофијата,науката и мисионерството.Тој почнал да учи во словенски училишта,а потоа продолжил да се школува во Царигратскиот универзитет.Тој бил задржан во Цариград на служба со тоа што бил библиотекар во Царигратската патријаршија.Потоа бил и професор по филозофија.Од таму го добил епитетот Филозоф и станал познат како Константин Филозоф.Неговата прва мисија била Брегалничката мисија. Св.Методиј е претпознатлив по неговото правничко знаење со тоа што станува управител на словенското кнежевство.Со добивање на оваа позиција тој се зближил со словенското население со тоа што ги научил обичаи и верувања.Тој учествувал во мисијата кај Хазарите туку сакал да се посвети на калуѓерски живот,затоа после успешната мисија кај Хазарите тој се в

Лектира бр.2 ,,Сердарот'' - Глигор Прличев

  Поемата ,,Сердарот ’’ е историско-јуначка поема, поточно историска балада, во која се зборува за Македонскиот народ кој бил измачуван од страна на Гегите, кои ги напаѓале западните села во Македонија.Македонскиот народ имал голема желба да се ослободи, но Гегите постојано ги напаѓале, со тоа што Турците за да го соберат данокот од Mакедонското население формирале заштитнички единици кои го заштитувале народот. Настаните во поемата се одвиваат во селата Галичник и Река, во кои народот често бил измачуван и пљачкан. Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан .Гласот за смртта на јунакот Кузман се ширел со голема брзина и тој предизвикувал болка и страв кај населението, зашто ќе нема кој да го заштитува. Затоа , народот преку пискотници го оплакал неговото загинување. Мајката Неда била осамена и го очекувала враќањето на синот, иако претчувствувала нешто страшно, бидејќи сонувала како се руши куќата и потпорната греда не издржала. Таа била последна која дознава за с

Лектира бр.1 ,,Илијада'' - Хомер

,,Илијада ’’ од Хомер е една од најпознатите книги но и една од првите европски  дела,напишана во VIII пр.н.е. Во книгата се зборува за Тројанската војна која траела 10 години.Повод за војната е грабнувањето на Елена од страна на Парис,а причината е големото богатсво на градот Троја и желбата за освојување на територии.Менелај сакал да му ја вратат Елена па затоа тој се спремал да ја нападне Троја. Робинката на Ахил била грабната,заради тоа тој се налутил и не сакал да војува.Агамемнон го замолил Ахил да војува, но тој повторно одбил.На бојното поле војниците се бореле во двобој, но и боговите се мешале и расправале за кој требало да биде победник.Патрокле,кој војувал во војната,на бојното поле се претставувал како Ахил.Хектор мислел дека Ахил војува па го предизвикал на двобој.Патрокле се борел но изгубил во двобојот.Кога Ахил дознал дека Патрокле починал борејќи се,тој сакал да се одмазди, се вратил на бојното поле и војувал.Кога Хектор забележал дека Ахил не е мртов не бил задово

Проект за Каролина Гочева

Во група бевме:јас(Мила),Ивона Ѓ,Јована Т. Изработивме проект за Каролина Гочева.Јас мислам дека проектот ни беше успешен,поради тоа што го изработивме сите заедно,и сите го научивме и презентиравме својот дел.Единственото нешто што би го сменилае тоа што би ставила музика во презентацијата.

Што сработив во групата,за лектирата Времеплов?

Јас во групата,за лектирата Времеплов сметам дека успешно ја завршив работата.Со групата ги напишав 12 настани од лектирата.Задачата ни беше да преодредиме заедно настаните од лектирата,а и да се договориме кој за што ќе биде од три можности:ликови,судир и чувства.Јас и другите членови на групата се договоривме дека јас ќе пишувам за чувствата.Јас навреме ја завршив својата задача,така што ги напишав моите одговори на линкот од документот кој го испрати наставничката по македонски јазик.

Дали времето во кое што живеам е најдобро за мене и моите врсници?

За времето во коешто јас и моите врсници живееме некој мислат дека е добро а некој не.Ја мислам дека времето во коешто живееме јас и моите врсници е добро,поради напредокот на технологијата.Многу луге мислат дека технолошкиот развој има лошо влијание врз нас младите,но јас мислам дека користењето технологија во секојдневниот живот не подготвува за нашите идни кариери.Ова време повеќе ми се допаѓа поради тоа што имаме можност да се едуцираме на полесен начин со помош на технологијата и да се стремиме да го оствариме тоа што го посакуваме.Технологијата не само што ни помага и на едукативен план туку и ни помага во секојдневниот живот.Имаме апликации за се што ни треба,од типот на:апликации кој ни помагаат да внимаваме на исхраната,потцетници,безбедност на телефонот,едукативни...Има и уште  многу причини зошто ова време е добро за мене и моите врсници.