Skip to main content

Posts

Showing posts from March, 2018

Одлично е да се биде мрзелив

Секој има различен став за темата дали е добро да се биде мрзелив,сепак ја сум против ова тврдење дека е одлично да се биде мрзелив. Мрзата е лоша навика заради тоа што не прави да бидеме неспособни во однос на   извршување обични задачи.Со тоа што ќе бараме некој друг да ги изврши нашите задачи.Но,крајниот резултат нема секогаш да биде она што сме го побарале од другата личност.Поголемиот дел (ако не и постојано) ќе ни биде досадно заради тоа што мрзеливите луѓе не излегуваат многу од дома па ништо не им се случува.Најчесто мрзеливите луѓе им е тешко да бидат дел од дискусија,заради тоа што најверојатно ќе немаат што да зборуваат додека другите луѓе ќе зборуваат постојано.Факт е дека мрзеливите луѓе не читаат книги,па затоа кога станува збор за дискусија на некоја потешка тема која има доста што да се зборува и анализира,мрзеливите луѓе нема да можат да се пронајдат во таа тема така што само ќе ги слушаат другите ставови.Додека останатите луѓе имаат цели во својот живот и се труда

Лектира бр.10 - ,,Вујко Вања''

1. Експозиција Настаните во лектирното дело Вујко Вања се случуваат во 19 век,во руско село на имот.Главниот лик е 47 годишниот Иван Петрович Војницки(познат како вујко Вања)   кој живеел на имотот на Серебрјаков. Тој скоро целиот свој живот го поминал на имотот работејќи постојано.Тој подоцна ќе се вљуби во Елена Андреевна која е мажена за Серебрајаков. Расположение : досада,разочараност,страдање. 2.Заплет На имотот пристигнал   Серебрајаков со својата нова жена Елена Андреевна.Тогаш на имотот почнало на останатите ликови да им биде интересно заради тоа што им било дасадно постојано да ги прават истите работи.Докторот Астров и Вујко Вања ќе се вљубат во Елена.Така една ноќ Астров и кажал на Елена дека ја сака,на овој настан сведок бил вујко Вања. Расположение : Возбуда,изненадување,надеж. 3.Кулминација Серебрајаков им соопштил на сите дека решава да го продаде имотот.Во тој момент вујко Вања знаел дека Серебрајаков греши и дека тој имот не е негов туку на неговата ќерк