Skip to main content

Posts

Showing posts from October, 2017

Лектира бр.2 ,,Сердарот'' - Глигор Прличев

  Поемата ,,Сердарот ’’ е историско-јуначка поема, поточно историска балада, во која се зборува за Македонскиот народ кој бил измачуван од страна на Гегите, кои ги напаѓале западните села во Македонија.Македонскиот народ имал голема желба да се ослободи, но Гегите постојано ги напаѓале, со тоа што Турците за да го соберат данокот од Mакедонското население формирале заштитнички единици кои го заштитувале народот. Настаните во поемата се одвиваат во селата Галичник и Река, во кои народот често бил измачуван и пљачкан. Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан .Гласот за смртта на јунакот Кузман се ширел со голема брзина и тој предизвикувал болка и страв кај населението, зашто ќе нема кој да го заштитува. Затоа , народот преку пискотници го оплакал неговото загинување. Мајката Неда била осамена и го очекувала враќањето на синот, иако претчувствувала нешто страшно, бидејќи сонувала како се руши куќата и потпорната греда не издржала. Таа била последна која дознава за с

Лектира бр.1 ,,Илијада'' - Хомер

,,Илијада ’’ од Хомер е една од најпознатите книги но и една од првите европски  дела,напишана во VIII пр.н.е. Во книгата се зборува за Тројанската војна која траела 10 години.Повод за војната е грабнувањето на Елена од страна на Парис,а причината е големото богатсво на градот Троја и желбата за освојување на територии.Менелај сакал да му ја вратат Елена па затоа тој се спремал да ја нападне Троја. Робинката на Ахил била грабната,заради тоа тој се налутил и не сакал да војува.Агамемнон го замолил Ахил да војува, но тој повторно одбил.На бојното поле војниците се бореле во двобој, но и боговите се мешале и расправале за кој требало да биде победник.Патрокле,кој војувал во војната,на бојното поле се претставувал како Ахил.Хектор мислел дека Ахил војува па го предизвикал на двобој.Патрокле се борел но изгубил во двобојот.Кога Ахил дознал дека Патрокле починал борејќи се,тој сакал да се одмазди, се вратил на бојното поле и војувал.Кога Хектор забележал дека Ахил не е мртов не бил задово