Skip to main content

Лектира бр.2 ,,Сердарот'' - Глигор Прличев

 Поемата ,,Сердарот’’е историско-јуначка поема, поточно историска балада, во која се зборува за Македонскиот народ кој бил измачуван од страна на Гегите, кои ги напаѓале западните села во Македонија.Македонскиот народ имал голема желба да се ослободи, но Гегите постојано ги напаѓале, со тоа што Турците за да го соберат данокот од Mакедонското население формирале заштитнички единици кои го заштитувале народот. Настаните во поемата се одвиваат во селата Галичник и Река, во кои народот често бил измачуван и пљачкан.Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан.Гласот за смртта на јунакот Кузман се ширел со голема брзина и тој предизвикувал болка и страв кај населението, зашто ќе нема кој да го заштитува.Затоа, народот преку пискотници го оплакал неговото загинување.
Мајката Неда била осамена и го очекувала враќањето на синот, иако претчувствувала нешто страшно, бидејќи сонувала како се руши куќата и потпорната греда не издржала. Таа била последна која дознава за смртта на синот, сите се плашеле да и ја кажат кобната вест, но кога тоа сепак допрело до неа, но таа гордо ја поднесува смртта на синот.Подготвена да се спротивстави на непријателот и самата сакала да се бори.Неда со својата болка не мислела само на себеси туку мислела и на целиот народ кој бил измачуван и кој тагувал за смртта на храбриот Кузман.Неда не е само мајка на загинат јунак, туку и борец, закрилник на народот што ќе го земе мечот во својата рака за да го одмазди синот и ќе ја продолжи неговата борба.Непријателот дури се појавува пред Неда одавајќи почит за нејзиниот син, признавајќи  дека појунак човек нема од Кузман,и дека ја разбира нејзината болка и тага.Тие за да му оддадат почест на големиот јунак, сами на раце го носат Кузмановото тело во домот на мајката, на тој начин искажувајќи ја почитта и кон неа и нејзиното херојско и гордо однесување.  Гегите ветуваат дека нема никогаш да ја напаѓаат,омаловажуваат или навредат.Но,Неда сакала целиот народ да биде заштитен а не  само таа.Таа раскажала и како Кузмановиот татко починал со тоа што се борел за народот и правдата спрема маките кој ги носел суровиот живот.
Кузман е голем јунак, а сите  настани што се случувале во поемата се прикажани  преку ретроспективни слики кои ги раскажувале мајката Неда или писателот.Тој целиот негов живот го поминал како јунак и спасител на народот од непријателот Гегите кои ги напаѓале селата и го убивале и малтретирале народот. Тој имал и свршеница Марија со која сакал да се ожени и да основа семејство, но поради неговата ненадејна смрт,после неговиот погреб Марија се закалуѓерува.
Гегите (Албанците) се непријателите кои ги тероризираат
и пљачкаат Македонското население.Но, по смртта на Кузман тие покажуваат почит на јунаштвото и храброста на Кузман со тоа што биле присутни на погребот и оддале почит кон Кузмановата мајка и невиното население кое било присутно.Тие сепак биле луѓе и покажале дека го почитуваат Кузман, со што го донеле  неговото тело до куќата на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневот на населението.Еден од Гегите дури и ја опишал борбата меѓу Махмуд и Кузман со воодушевување на неговата храброст.Тие ја опишувале Кузмановата смрт како најхеројска и достоинствена.Пробувале да ја утешат Неда со тоа што ветиле дека нема да ја навредат или нападнат. Гробот на Кузман секогаш бил осветлен, со кандило и цвеќе, како сведоштво за неговото светло дело, кое никогаш не треба да се заборави.

Сердарот е вистинско уметничко дело кое е исполнето со стилски изразни сретства, и длабоко опишување на ликовите,животот,настаните, што го прави писателот Глигор Прличев еден од најзначајните претставници на романтизмот во македонската литература.Дури и нарекуван ,,втор Хомер’’ откако тој ја добил наградата за најдобра поема со што добил ловоров венец како и парична награда.Поемата „Сердарот“ е гордоста на македонската литература и романтизмот, дело кое останува засекогаш да биде сведок за историјата на македонскиот народ и неговара вековна желба за слобода, но и истрајноста и храброста. 


Comments

Popular posts from this blog

Лектира бр.10 - ,,Вујко Вања''

1. Експозиција Настаните во лектирното дело Вујко Вања се случуваат во 19 век,во руско село на имот.Главниот лик е 47 годишниот Иван Петрович Војницки(познат како вујко Вања)   кој живеел на имотот на Серебрјаков. Тој скоро целиот свој живот го поминал на имотот работејќи постојано.Тој подоцна ќе се вљуби во Елена Андреевна која е мажена за Серебрајаков. Расположение : досада,разочараност,страдање. 2.Заплет На имотот пристигнал   Серебрајаков со својата нова жена Елена Андреевна.Тогаш на имотот почнало на останатите ликови да им биде интересно заради тоа што им било дасадно постојано да ги прават истите работи.Докторот Астров и Вујко Вања ќе се вљубат во Елена.Така една ноќ Астров и кажал на Елена дека ја сака,на овој настан сведок бил вујко Вања. Расположение : Возбуда,изненадување,надеж. 3.Кулминација Серебрајаков им соопштил на сите дека решава да го продаде имотот.Во тој момент вујко Вања знаел дека Серебрајаков греши и дека тој имот не е негов туку на неговата ќерк

Шаргинска кожа - Анализа на лик

Рафаело е статичен лик,заради тоа што тој не размислувал навреме за своите постапки и неможел да најде начин да излезе од ситуацијата.Тој бил човек кој не го живеел животот правилно со тоа што во делото се раскажува за како тој заглавува поради коцката.Ова ни го укажуваат неколку важни настани како што се: кога ги потрошил последните пари , решил да си го одземе животот фрлајќи се во реката Сена.Рафаело живеел во Франција,Парис во XIX век со тоа што општеството било недоволно развиено.Останатите ликови во делото се: студентот Емил, ужасната Федора,старецот Растињак, Полина,слугата Џонатан и др.Рафаело бил свесен за својата ситуација,знаел дека барал многу желби и се каел за тоа што не размислил уште еднаш дали би живеел среќно во Шагринската кожа.Тој мислел дека само неговите желби се важни и дека ќе биде среќен ако желбите му се исполнети,за жал не научил дека во животот мораме да работиме за да постигнеме нешто и дека желбите се само желби се додека не решиме ние да ги оствариме.Јас