Skip to main content

Лектира бр.1 ,,Илијада'' - Хомер

,,Илијада’’ од Хомер е една од најпознатите книги но и една од првите европски  дела,напишана во VIII пр.н.е. Во книгата се зборува за Тројанската војна која траела 10 години.Повод за војната е грабнувањето на Елена од страна на Парис,а причината е големото богатсво на градот Троја и желбата за освојување на територии.Менелај сакал да му ја вратат Елена па затоа тој се спремал да ја нападне Троја. Робинката на Ахил била грабната,заради тоа тој се налутил и не сакал да војува.Агамемнон го замолил Ахил да војува, но тој повторно одбил.На бојното поле војниците се бореле во двобој, но и боговите се мешале и расправале за кој требало да биде победник.Патрокле,кој војувал во војната,на бојното поле се претставувал како Ахил.Хектор мислел дека Ахил војува па го предизвикал на двобој.Патрокле се борел но изгубил во двобојот.Кога Ахил дознал дека Патрокле починал борејќи се,тој сакал да се одмазди, се вратил на бојното поле и војувал.Кога Хектор забележал дека Ахил не е мртов не бил задоволен, па затоа војувал на двобој со него.Ахил победил во двобојот,па за да биде посилна неговата одмазда, тој го ставил Хекторовото тело на неговата двоколка и го поминал градот Троја,по што 12 дена градот бил во жалост.




Comments

Popular posts from this blog

Лектира бр.10 - ,,Вујко Вања''

1. Експозиција Настаните во лектирното дело Вујко Вања се случуваат во 19 век,во руско село на имот.Главниот лик е 47 годишниот Иван Петрович Војницки(познат како вујко Вања)   кој живеел на имотот на Серебрјаков. Тој скоро целиот свој живот го поминал на имотот работејќи постојано.Тој подоцна ќе се вљуби во Елена Андреевна која е мажена за Серебрајаков. Расположение : досада,разочараност,страдање. 2.Заплет На имотот пристигнал   Серебрајаков со својата нова жена Елена Андреевна.Тогаш на имотот почнало на останатите ликови да им биде интересно заради тоа што им било дасадно постојано да ги прават истите работи.Докторот Астров и Вујко Вања ќе се вљубат во Елена.Така една ноќ Астров и кажал на Елена дека ја сака,на овој настан сведок бил вујко Вања. Расположение : Возбуда,изненадување,надеж. 3.Кулминација Серебрајаков им соопштил на сите дека решава да го продаде имотот.Во тој момент вујко Вања знаел дека Серебрајаков греши и дека тој имот не е негов туку на неговата ќерк

Лектира бр.2 ,,Сердарот'' - Глигор Прличев

  Поемата ,,Сердарот ’’ е историско-јуначка поема, поточно историска балада, во која се зборува за Македонскиот народ кој бил измачуван од страна на Гегите, кои ги напаѓале западните села во Македонија.Македонскиот народ имал голема желба да се ослободи, но Гегите постојано ги напаѓале, со тоа што Турците за да го соберат данокот од Mакедонското население формирале заштитнички единици кои го заштитувале народот. Настаните во поемата се одвиваат во селата Галичник и Река, во кои народот често бил измачуван и пљачкан. Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан .Гласот за смртта на јунакот Кузман се ширел со голема брзина и тој предизвикувал болка и страв кај населението, зашто ќе нема кој да го заштитува. Затоа , народот преку пискотници го оплакал неговото загинување. Мајката Неда била осамена и го очекувала враќањето на синот, иако претчувствувала нешто страшно, бидејќи сонувала како се руши куќата и потпорната греда не издржала. Таа била последна која дознава за с

Шаргинска кожа - Анализа на лик

Рафаело е статичен лик,заради тоа што тој не размислувал навреме за своите постапки и неможел да најде начин да излезе од ситуацијата.Тој бил човек кој не го живеел животот правилно со тоа што во делото се раскажува за како тој заглавува поради коцката.Ова ни го укажуваат неколку важни настани како што се: кога ги потрошил последните пари , решил да си го одземе животот фрлајќи се во реката Сена.Рафаело живеел во Франција,Парис во XIX век со тоа што општеството било недоволно развиено.Останатите ликови во делото се: студентот Емил, ужасната Федора,старецот Растињак, Полина,слугата Џонатан и др.Рафаело бил свесен за својата ситуација,знаел дека барал многу желби и се каел за тоа што не размислил уште еднаш дали би живеел среќно во Шагринската кожа.Тој мислел дека само неговите желби се важни и дека ќе биде среќен ако желбите му се исполнети,за жал не научил дека во животот мораме да работиме за да постигнеме нешто и дека желбите се само желби се додека не решиме ние да ги оствариме.Јас